Советот за етика во медиумите го осудува физичкиот напад врз новинарката на Канал 5 телевизија

341

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот случај на физички напад врз новинарката на Канал 5 Телевизија Мирјана Мирчевска – Јовановиќ која известувала од манифестацијата за одбележување на Водици во Скопје.

Инцидентот кој бил предизвикан кога новинарката била нападната од вработени во агенција за обезбедување ангажирана од МПЦ претставува напад врз безбедноста на новинарите при професионалното извршување на нивната работа.

За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци.

Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...