Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни, вели за Алсат М Оливера Доцевска од невладината организација „Платформа за борба против сиромаштијата“.
– Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата – вели Доцевска.
Официјалните податоци на државната статистика велат дека стапката на сиромаштија во земјава е 22 отсто. Најзагрижувачка е состојбата кај младите до 17 години каде сиромаштија достигнува 30 отсто. Шеснаесет проценти од пензионерите се водат како сиромашни.