Османи ќе направи место и за СДСМ и Македонци во координативното тело за Законот за јазиците

948

Ќе се проширува координативното тело за следење на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави за Плусинфо вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Вицепремиерот најави проширување на телото по реакциите дека на првиот состанок учествуваа само функционери од ДУИ и експерти Албанци.

Покрај Османи, на координацијата присуствуваа и Министерот за образование, Арбер Адеми, пратеникот, Артан Груби, поранешниот министер за правда, Билен Салији, како и останати претставници на институциите и експерти.

– На првиот состанок се луѓето кои го подготвија текстот на Законот за да го напаравиме дрфт планот. Потоа ќе се прошири и со други учесници – вели Османи.

Но вицепремиерот не прецизира колку ќе брои координативното тело и од кои министерства, институции и пратеници ќе учествуваат во работата.

Освен составот на телото, реакции предизвика и неусогласеноста на Османи и Владата кога станува збор за новите вработувања поради спроведувањето на Законот.

Според Османи, ќе има нови вработувања за екипирање на институциите предвидени со Законот за јазиците.

Владата пак, вчера преку соопштение информира дека ќе нема нови вработувања, туку само прераспределување на кадри од институциите.

Османи по состанокот изјави дека:

– Имплементацијата на Законот за јазици претставува комплексна и обемна операција, за чија успешност потребано е формирање на работна група – координативно тело, чија задача ќе биде координирање, мониторирање и известување за текот на имплементација на законот.

На координацијата било заклучено да се изготви конкретен и прецизен план на активности, со соодветни рокови и критериуми за реализација, со што ќе се овозможи полесна и попрецизна контрола врз имплементацијата на Законот.

Планот за имплементација на Законот за употребата на јазици се очекува да биде разгледан на правата владина седница, а Османи веќе најави и меѓународна донаторска конференција за размена на мислење, искуство и координација на поддршката за имплементација на законот.

 

 

 

,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...