Шпанскиот суд го чека Роналдо да сведочи во суднице, не преку видео врска

139

Шпанскиот суд го одби барањето на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо да сведочи преку видео линк во случајот на затајување данок.

Како што пишува „АС“ барањето, а исто така на Роналдо не му било позитивно одговорено ниту на барањето во судницата да дојде преку подземна гаража со цел да се избегне вниманието на медиумите.

Во 2017 година, Португалецот како играч на Реал Мадрид, беше обвинет за затајување данок во висина од околу 14,8 милиони евра.

Роналдо ги прифати обвиненијата и ќе мора да плати парична казна од 19 милиони евра, а доби и затворска казна од 23 месеци. Сепак тој нема да ја одлежи казната, бидејќи според законите на Шпанија, првата казан е условна ако не надмине 24 месеци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...