Новинарката Мирјана Мирчевска нападната од обезбедувањето на МПЦ

1474

Во Градската болница со повреди на раката и вратот завршила новинарката од Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кога во еден момент дошло до влечење и туркање во центарот на Скопје, каде новинарски екипи известувале за одбележувањето на верскиот празник Водици.

Мирчевска-Јовановиќ, како што објави Канал 5, од страна на вработените во агенција за обезбедување била истуркана, навредувана и влечена, поради што завршила во градската болница со повреди на раката и вратот.

Канал 5 најави дека ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...