Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети како и над депонијата Дрисла, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.
– Според податоците од мерните станици, најзагадено е во Драчево, Кисела Вода, Црниче, Сопиште итн., каде досега немало такво загадување. Воедно инсистираме овие контроли да бидат зајакнати и континуирани во текот на викендите и празничните денови. Треба јавноста да биде информирана за степенот на загадувањето и да се даваат насоки за заштита на сите граѓани, посебно на децата, постарите лица и ранливите категории, велат од партијата.