Тоше ги поврза Карпош и Нова Градишка

362

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев денеска имаше средба со градоначалникот на хрватската општина Нова Градишка, Винко Гргиќ, на која  разговарале за актуелните случувања во општините, како и за продлабочување на соработката.

– Се зборуваше за клучните проекти во Карпош, како што е изведбата на новиот парк кој во најголем дел ќе се гради со неповратни средства од Европската Унија. Европските фондови помогнале многу и на Нова Градишка, во нејзиниот развој и подобрување на квалитетот на живот. Градоначалникот Гргиќ напомена дека Хрватска го решила прашањето со отпадот на многу ефикасен начин. „Сите граѓани кои го селектираат отпадот добиваат повратни средства од државата и ова на буквален начин ја „исчисти“ нашата држава – рече Гргиќ, соопшти Општина Карпош.

Една од главните причини за посетата на делегацијата од Нова Градишка предводена од градоначалникот Гргиќ е и Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески, кој се одржува овој викенд во Карпош, а главен покровител е локалната самоуправа.

– Нова Градишка е општината каде што Тоше трагично го загуби својот живот, а токму Карпош е последното негово место на живеење. Денеска сме сведоци дека Тоше се уште поврзува различни култури и држави, -додава Општина Карпош.

На денешната средба и претходеше склучување трилатерален меморандум за соработка меѓу Карпош, Крушево и Нова Градишка, со кој општините се обврзаа на поголема соработка во областа на образованието, културата, туризмот и спортот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...