Премиерот Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.
– Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата. Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици -вели Заев во честитката.