Договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината беше потпишан денењска во Виена помеѓу министерството за здравство и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија, соопшти министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека со овој договор министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.
– Имавме можност со министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме договор, кој ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската Унија – изјави Филипче.