Уште еден скопјанец ќе добие кривична за закани на пратеници преку „Фејсбук“

188

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземени мерки за споделената објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 49-годишен И.Ј. со која тој предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и ширел расистички и ксенофобичен материјал.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Ова не е прв случај на полицијата за сомнежи за закани преку социјалните мрежи. Во изминатата недела кривични добија уште еден скопјанец и еден прилепчанец.

Од МВР истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Се повикуваат и граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...