Каракамишева повикана во полиција за говор на омраза

1838

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица, бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на Фејсбук објави дека станува забор за политички прогон.

– Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица „под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Пријавена сум од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа. Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите. И јасно е се! Политичкиот прогон го пуштаат на максимум. Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата! Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото! Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашите! Борбата почна, нема враќање, напиша Каракамишева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...