Поради хомофобија, Вардар доби казна од 15.000 евра

419
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Казна од 15.000 евра за македонскиот ракометен шампион Вардар од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради навредливата парола кон тренерот на полски Кјелце, Талант Душебаев за време на дерби мечот во СЦ „Јане Сандански“ пред крајот на минатата година.

– Паролата е навреда директно насочена кон дигнитетот и приватноста на Талант Душебаев, без притоа да се навлегува во сексуалната ориентација, ова е акт на хомофобија. Содржината на паролата ги нарушува сите принципи на спортот – се наведува во образложението на ЕХФ.

Дисциплинската комисија на ЕХФ го казни Вардар, затоа што црвено-црните не направиле ништо за да ја отстранат истaта.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...