Шпански спасители се обидуваат да извлечат дете од бунар длабок 100 метри (ВИДЕО)

527
ФОТО: Би-Би-Си / ЕПА

Шпански спасители се обидуваат да стигнат до двегодишно дете кое во неделата падна во длабок бунар.

Бидејќи тој е широк само 25 сантиметри, а се верува оти е длабок повеќе од 100 метри, спасителите не можат да влезат во него.

Детето паднало во бунарот за време на прошетка со семејството на приватниот имот на југот од Шпанија.

Според снимка од внатрешноста на бунарот, тоа било страотен пад. Камерата снимила наслаги од земја, песок и камења на некои 100 метри длабодина. Се верува дека е покренато свлечиште кое ја нанело таа земја поради што спасителите не можат да дојдат до детето.

Шпанската полиција соопшти дека вработени во шведска компанија, која пред повеќе од седум години помогна да се лоцираат и спасат 33-цата чилеански рудари откако 69 дена поминаа под земја, стигнаа во вторникот за да помогнат во операцијата за спасување на детето.

Се разгледува можноста за копање на алтернативни канали до дното на бунарот, а официјални лица соопштија оти работат на прекопување на тунели во блзиина на бунарот.

ФОТО: Би-Би-Си / ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...