Наводната љубовница, а според некои извори и можна сопруга на Владимир Путин, убавата руска гимнастичарка Алина Кабаева, е снимена како гласа на изборите во Русија.
Бурма?
Убавата Русинка се појавила во елегантното издание со прстен на раката, за кој многумина сега шпекулираат дека е свршенички, и не ја симнувала насмевката од лицето.
Алина (34) седнала наспроти делегатката на изборното место и го пружила пасошот, на што таа ѝ рекла: „Ве чекавме, а вие никако да дојдете…“, алудирајќи на тоа дека не се појавувала на претходните избори.
Алина потоа ја замолила жената да ја потсети како да го пополни ливчето и каде да го уфрли и со насмевка го напуштила изборното место. Не сакала да открие за кого гласала, но дала назнаки за кого станува збор: „Тој сигурно ќе победи“, рекла кратко, пренесува „Индекс“.
10 години афера
Веќе 10 години можат да се слушнат гласини дека рускиот претседател Путин и Алина се љубовници, а таа од 2008 година во јавноста се нема појавено со некој маж. Во неколку наврати е видена со прстен на раката, но никогаш официјално не е потврдено дека таа е руската прва дама.
Во јуни минатата година почнаа шпекулациите дека Алина и Путин дури и се венчале, а постојат озборувања дека заедно имаат две деца.
Алина лани во Песаро, Италија, се појави откако беше прогласена за амбасадорка на Советското натпреварување во ритмичка гимнастика. Речиси 10 години од првите гласини дека се љубовници, 34-годишната Алина при потпишувањето на автограмите, покажа прстен. Кремљ демантираше дека Алина е првата дама на Русија, но тоа не ги стиши гласините, особено дека таа и Путин имаат деца заедно.
По нејзиното појавување со прстенот на рака, весникот „Комсомолскаја правда“ побара конечно да се открие каков е статусот на Алина Кабаева.
„Штета што нејзиниот статус не е објаснет. Секоја жена сака да биде официјална сопруга. Луѓето тоа би го разбрале“, стоело во натписот за бившата ритмичка гимнастичарка.
Путин се разведе од сопругата Људмила во 2014 година.
Деца од Путин
Фотографиите од Алина пред две година на кои таа изгледа изморено и со вишок килограми, повторно ја раздвижија јавноста и ги поттикнаа гласините за нивниот љубовен живот. Таа се појави во јавноста, по очигледното отсуство, со забележителен вишок килограми, со што шпекулираше дека Алина се породила во релативно брзо време.
Гласините дека забременила од Путин започнаа уште во јануари 2015 година кога рускиот претседател не се појавуваше во јавноста повеќе од една недела. Тогаш наголемо се пишуваше дека тој е со Алина во Швајцарија и дека таа таму можеби родила девојче.