140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

141

Сто и четириесет лица се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што ќе се одржи утре во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици, информираа за МИА денеска од Скопската епархија.

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...