СП ракомет: Лазаров најкорисен играч по првата фаза

91
Photo: EPA/Daniel Kopatsch

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е МВП по првата групна фаза на Светското првенство.

Лазаров петте натпревари во Б-групата ги заврши со вкупно 55 бодови од кои 30 се од головите и 25 од асистенциите.

Втор на оваа листа е Микел Хансен од Данска со 49 поени (35 голови + 14 асистенции).

Што се однесува на посебните листи, Лазаров е прв по број на асистенции и четврти на листа на стрелци.

Пласман меѓу најдобрите десет има и голманот Борко Ристовски. Чуварот на мрежата на македонската репрезентација е на делба на 8то место по процентот на одбранети удари. Тој „фати“ 47 од 126 упатени удари кон голот што претставува 37 отсто успешност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...