Во средно училиште во градот Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд, отворен е оган, при што повредени се тројца ученици, меѓу кои и напаѓачот.
Локалниот шериф на Твитер објави за инцидентот во средното училиште „Грејт Милс“ и ги замоли родителите да не доаѓаат до училиштето.
Училиштето се наоѓа на 70 километри од Вашингтон.
Инцидентот се случи за помалку од еден месец откако во вооружен напад во средно училиште во Флорида загинаа 17 лица.
Од почетокот на годината во САД се регистрирани 16 пукотници во училишта.