На улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко, патнички автомобил „југо“ со битолски регистарски таблици, управуван од Е.Б.(40) од Кавадарци, излетал од патот и паднал во реката. Притоа, со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. 4
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.