Поранешен претседател на Европската комисија и поранешен премиер на Италија Романо Проди, денеска во Охрид ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019 година.
Наградата ја додели Охридската академија на хуманизмот, а ќе ја понесе за неговото визионерство и придонес во градењето на европската идеја.
Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери вчера одржа средба со Проди на која нагласи дека оваа награда доаѓа во вистинско време, кај вистинскиот човек, имајќи на ум дека Проди беше дел од претседателството на Европската Унија во навистина критичните моменти за нашиот регион, и ова е крунисување на неговиот хуман придонес.
Проди, пак, истакна, дека Република Македонија треба повторно да биде ставена во првиот ред за пристапување во Европската Унија. – Процесот е веќе одамна почнат и сега само треба да се продолжи, вели Проди и нагласи дека ќе го искористи сиот свој капацитет во таа насока.
Двајцата се согласиле дека малите земји уште повеќе ги чувствуваат придобивките од членството во Унијата.
Свечената церемонија на врачување на Светската награда за хуманизам ќе се одржи во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.
Романи Проди е тринаесетти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.
ФОТО: EPA-ALESSANDRO-DI-MEO.jpg