Трамп: Не може да бидеме поглупи од другите, ни зборуваат зад грб

338
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека го поддржува „НАТО 100 отсто“, но повтори дека земјите членки треба да ги зголемат своите воени трошоци.

– Ќе бидеме со НАТО 100 проценти, но како што кажав земјите (членки) треба да платат – изјави Трамп со Пентагон во говорот за новата американска стратегија за противракетна одбрана.

Неговата изјава уследи откако повторно се појавија сомнежите за американскиот ангажман во Алијансата.

– Не може да бидеме поглупи од другите. Тоа не е возможно. Не сакаме да гледаат така на нас, а верувајте ми, во текот на годините, тоа ни зборуваат зад грб – посочи Трамп.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ на почетокот од неделата повикувајќи се на неименувани високи претставници објави дека Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.

Весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни официјални лица, кои ја поддржуваат Северноатлантската алијанса, наведе дека Трамп би можел да ги обнови заканите ако сојузниците не се придржуваат до договорот за финансирање на Алијансата.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...