Краљево: Телата на 13 новороденчиња пронајдени во болнички замрзнувач

885
Во општата болница во Кралево во ладилник се пронајдени 13 мртви бебиња, објавија српските медиуми. Заменик-директорот на болницата изјавил дека станува збор за мртвородени бебиња, јавуваат српските медиуми.

– Тоа се мртвородени бебиња, кои сè уште не сме ги погребале затоа што немаме каде. Не е ништо пронајдено затоа што не сме го криеле тоа. Бебињата се наоѓаат на паталогија како што налагаат прописите – рекол заменик директорот на болницата, Драган Калевиќ.

Тој објаснил дека се работи за бебиња што родителите не сакале да ги земат и сами да ги погребаат и дека според зaконот не се ни должни да го направат тоа.

Калевиќ рекол дека во тек е формирање комисија, која ќе одлучува за местото каде што во иднина ќе се погребуваат мртвородените бебиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...