Тимот на Барселона излегол со нерегуларен состав во првиот натпревар против Леванте (1:2) од осминафиналето на Кралскиот Куп, објави „Ел Мундо“. Дефанзивецот Чуми беше стартер во мечот, иако тој требало да истрпи казна за акумулирани жолти картони.
Изданието го наведува членот 56.3 од правилникот, според кој: „Додека не ја истрпи казната, тој не може да учествува во натпревари од првиот тим. (…) Санкционираниот фудбалер не може да игра за ниту еден тимо или клуб, додека не истече наметнатата казна за определениот прекршок“. Ова конкретно ги погодува играчите што играат во вторите тимови. Во други случаи, акумулираните жолти картони важат за турнирот, за кој се однесуваат.
Ова прекршување може да резултира со отстранување на тимот од Купот.
Според член 76 на дисциплинскиот кодекс на Шпанската фудбалска федерација: „На клуб кој бесправно користи играч, во спротивност со правилата во даден натпревар, во односниот дуел му се пресудува службен пораз со 0:3“.
Чуми го доби петтиот жолт картон во дуелот на Барселона „Б“ против Кастељон на 6-ти јануари и ја истрпи казната во подоцнежниот шампионатен дуел против Аљокано, кој сепак беше по овој на првиот тим против Леванте. Според правилата, сепак, прво треба да истече санкцијата па дури тогаш може да игра со првиот тим.
Од Барселона се бранат со член 28, според кој „лесните“ казни се издржувале во истото натпреварување. „Ел Мундо“ се повикува на свои правни извори кои тврдат дека предметниот член важи за правото да игра истовремено за две екипи, но не и за овој случај.
Она што ја спасува Барселона, е дека според истиот правилник, од Леванте имале 48 часа да поднесат жалба, што не се случило. Затоа Федерацијата не презема никакви активности во моментот. Ако била упатена жалба денес, судијата на турнирот брзо треба да го реши случајот, бидејќи средбата реванш е од 21.30 часот вечерва.
Случајот потсетува на оној поради кој Реал Мадрид беше исклучен од Купот во сезоната 2015/16, кога Денис Черишев учествуваше во натпревар на тимот од турнирот, иако имаше казна во претходниот клуб Виљареал.