Полицајци поделија храна и лекови во пограничните села со Бугарија

247

Полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток, во селата Киселица и Селник, во близина на државната граница со Република Бугарија, денеска во периодот од 10 до 15 часот, извршија посета на постари лица кои живеат сами во оддалечени средини на селата Киселица и Селник, кон кои е отежнат пристапот поради снегот.

Како што соопшти МВР, тие им доставија храна и лекови, како и контакт телефонски броеви за комуникација доколку имаат некаква потреба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...