Анѓушев: Очекувам сега Фени да биде стабилна компанија

592

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува Фени да биде стабилна компанија по затворањето на стечајната постапка и се надева дека комбинатот ќе има серизен придонес во економијата, особено поради фактот што новите сопственици најавуваат дека ќе ја отворат и втората линија.

– Конечно се растераа сите магли околку случајот на Фени и денеска е прв случај со завршен стечај во историјата на Република Македонија со целосно исплатени доверители, а компанијата и во активен стечај продолжи да работи. Најавата од сопствениците дека ќе ја отворат втората линија би го дуплирала производството на Фени, а тоа ќе значи и дуплирање на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени и ќе има значително влијание во БДП на земјава – рече Анѓушев во одговор на новинарско прашање на денешниот Македонско-бугарски бизнис форум во Скопје.

Тој посочи дека просечните плати во Фени во моментов се над 500 евра.

-Тоа е исто како што вети Владата и практично програмата од таму почна да функционира – посочи Анѓушев.

Вчера, ГСОЛ/Еуроникел соопшти дека  Апелацискиот суд го потврди решението на Основниот суд во Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на Фени индустри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...