Неексплодирана авионска бомба откриено во центарот на Скопје

2033

По дојава од страна на МВР вчера во 8.45 часот е пронајдено неексплодирано убојно средство, што е извадено при ископ на земја зад старата Железничка станица од страна на градежна фирма.

– Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид на лице место на стариот пат кон село Батинци и констатирано е дека станува збор за авионска бомба од 250 килограми или 500 либри, со должина од 1.20 метар и широчина од околу 40 сантиметри. Во моментов се прават сите подготовки согласно стандардно-оперативната процедура за нејзино уништување на лице место, соопштуваат од ДЗС.

Од ДЗС информираат дека утре ќе се преземат мерки и активности за подготовка на просторот за нејзино уништување

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...