Скопјанец со нарушено ментално здравје синоќа во полиција лажно пријавил дека поставил мина пред Собранието на Република Македонија, а потоа и во зградата на Итната медицинска помош, соопшти МВР.
По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицето бил приведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.