Челзи и Ливерпул заинтересирани за Имобиле, кој „тежи“ 50 милиони евра

111

Премиерлигашите Челзи и Ливерпул се заинтересирани за играчот на Лацио, Чиро Имобиле, објавија италијанските медиуми.

Се шпекулира дека Ливерпул има повеќе шанси да го добие Имобиле поради добрите односи со раководството на Лацио.

Во 2016 година, играчите од средниот ред Лукас Лејва и Луис Алберто се преселија од Ливерпул во римскиот клуб.

Конкурент за овој трансфер на „црвените“ е Челзи. „Сините“ од Лондон во Имобиле гледаат алтернатива ако не успеат да го потпишат напаѓачот кој во моментов игра за Милан, Гонзало Игуаин.

На фудбалскиот трансфер пазар цената на Имобиле изнесува 50 милиони евра. Тој оваа сезона одигра 24 натпревари за Лацио и постигна 13 гола со шест асистенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...