Шпанскиот голман Кико Касиља го напушти Реал Мадрид и премина во второлигашот Лидс, објави англискиот клуб.
Касиља оваа сезона беше трета опција во Реал по Тибо Куртоа и Кејлор Навас.
Со Лидс голманот потпиша договорот на четири и пол години.
Касиља е поранешен чувар на мрежата на Еспањол и Кадиз, а има и еден натпревар за репрезентацијата на Шпанија.
Лидс во него гледа потенцијал за остварување на амбицијата – враќање во Премиер лигата.