За договорот од Преспа и неговите коментари

Единствено за сега, треба да им се верува на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Не затоа што овој договор навистина ќе ги влоши реалните животи на луѓето, туку јасно ќе ги исфрли од игра сите оние провинциски „шушлупкари“ со скромни можности и цели, малечки чиновници во големата бура кои сакаат да профитираат и на едната и другата страна.

1026

Договорот од Преспа помеѓу Скопје и Атина „за решавање на билатералниот спор“ истовремено е повеќе и помалку oд она кое обично ни се претставува. Помалку, затоа што секако не го решава вистинскиот, фундаментален проблем на оваа релација, а тој е само еден: дали Македонија навистина е Европска држава или не е?

Договорот на власта во Скопје и Атина „за решавање на билатералниот спор“ на двете земји, а тој е само еден: дали Македонија навистина има капацитет да биде Европска држава? Сите други проблеми се изведени од овој спор, и ќе бидат решени онолку колку што е решлив и самиот спор. Но, истовремно спорот е многу повеќе од купување на време за едната и другата страна: симболички исчекор што ќе помогне работите да тргнат од мртва точка, тамо кајшто долго време се заглавени. Останатото врескање на нивната и нашата опозиција е обична шарада, од проста причина која јасно ни дава до знаење дека Ципрас и Заев се конзистентни и одлучни до крајот да се истурка процесот, односно да се затвори две-и-половина деценискиoт спор.

Се разбира, од агол на оваа „плато-рубрика“, најважното е што овој договор значи за Македонија. А тоа значи ништо друго освен откочување на евроатланскиот процес; сосема е јасно дека овие денови Македонија ќе добие зелено светло за влез во НАТО, и тоа значи официјален статус на земја кандидат во Европската унија, оти за „спротивна приказна“ нема доволно аргументи, а пак за сите оние проруски струи во земјава, пет пари не дава ниту канцеларката Ангела Маркел. Зарем треба да потсетувам дека тоа е највлијателната жена во светот без која тешко дека овој договор ќе беше возможен. А притоа, јасно им е на сите што тоа значи.

Доколку се сложиме дека ова е извесниот редослед на работите во најскора иднина, останува да видиме кој е „добар“, кој се обидува таквата состојба да ја прикаже отворено и фер, а кој тоа никако не е и зошто. Ако членството во НАТО е завршена работа, а следствено на тоа и кандидатскиот статус во ЕУ, нема сомнеж дека ако има предвремни извори заедно со претседателските – што по се изгледа извесно – власта Европеизирањето ќе го користи како силен адут, се разбира не толку јак како што тоа беше пред референдумот, а од другата страна имаме јасна нетрпеливост кон ЕУ, таа проклета „курва“ која „ни го зеде името“ – комбинирано со катастрофични, а неретко и неписмени објаснувања на Мицкоски и опозицијата in general. Не се релевантни нивните коментари, но сепак, такви се нивните агенси во предизбораната кампања. Посебно кога власта и околностите во кои се наоѓа, нема со што многу да се пофали, освен што мандатот ни го покажува како „помало зло“ од претходните, како еден вид плацебо замена за катастрофалната (пара)патриотска варијаната за која беше единствена алтернатива.

Што во превод би значело дека договорот од Преспа за историјата е сосема доволен, ама големо прашање е дали тоа е доволно за самите гласачи: тие не ја гледаат „широката слика“, туку се раководат од сопствените егзистенционални фрустрации, така што обичниот „македонски гласач“ не се разликува од било кој друг гласач на планетата Земја.

Без разлика на се, ценам дека Зоран Заев ќе ја искористи шансата за да ја потврди разликата – овој договор од Преспа е потврда и исправност на тоа дека Македонија освен во Европа друг пат нема. Од друга страна, тврдата Македонска опозиција олицетворена во духот и телото на Груевски (кој го спомена Мицкоски?), урла и вреска низ Македонските сокаци и биртии дека се работи за „предавство“, што претставува досадно-предвидлив драматуршки жарн, објаснувајќи ни стравично глупаво дека тие имаат план како „подобро“ ќе го решат овој спор, чесна пионерска.

Единствено за сега, треба да им се верува на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Не затоа што овој договор навистина ќе ги влоши реалните животи на луѓето, туку јасно ќе ги исфрли од игра сите оние провинциски „шушлупкари“ со скромни можности и цели, малечки чиновници во големата бура кои сакаат да профитираат и на едната и другата страна.

Во секој случај, договор од Преспа ќе помине, името ќе се реши со ратификација од двете страни, а потоа сите ќе вратат на своите „работни“ места. Едните „ритуално“ ќе го бранат договорот истакнувајќи се себе, затоа што овде пред избори само тоа и се работи, другите ужасно глупаво ќе го напаѓаат договорот а ќе го „бранат името“, истакнувајќи се себе, што и не би било толку страшно ако се продолжи исто и после изборите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...