Викторија Бекам потрошила 1.350 евра за крем направен од нејзината крв

325
ФОТО: Инстаграм

Викторија Бекам (44) потрошила 1.350 евра на нов хидратантен крем за лице направен од нејзината сопствена крв. Модната дизајнерка се пофалила на Инстаграм дека сега користи крем против брки направен специјално за неа.

Идејата за нов крем за лице ја добила минатата недела кога ја носела ќерка ѝ Харпер (7) на третман на лице во германска клиника кај популарната докторка Барбара Сурм.

Оваа позната докторка е позната по нејзиниот третман за лице познато како „вампирско лице“, за којшто се вбризгува крв на „проблематичните“ места на лицето и така ѝ помага на кожата побрзо да заздрави. Овој третман за лице е еден од најпопуларните во Холивуд во борбата против стареењето.

– Откако спиев со маската (која се впива и не изгледа чудно, а не е ни леплива) мојата кожа се чувствува неверојатно! Хидрирано и чисто! И многу меко!“ – напишала Викторија на нејзиното Инстаграм-стори.

Викторија Бекам е позната по тоа што не штеди кога се работи за борбата против брчките. Во јануари минатата година изјавила дека издвојува и до 800 евра за производи што ги користи за секојдневна нега на лицето, за нега на телото користи производи во вредност од 500 евра, а за нега на косата издвојува и до 140 евра.

Ова не ги чуди нејзините обожаватели, бидејќи знаат дека Викторија е подготвена и да не се смее повеќе за да го спречи создавањето на брчки на лицето.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...