Ленче Ристоска: Довербата во СЈО падна и поради политичките случувања

794
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Обвинителката од СЈО Ленче Ристоска во интервју за Дојче Веле вели дека смета оти довербата во обвинителството паднала поради повеќе причини, меѓу кои и политичките случувања.

– Лично сметам дека падот на довербата во СЈО е последица на повеќе околности од кои дел се поврзани со општествено политичките случувања во земјата, а се доведуваат во корелација со работењето на институциите на системот. Се надевам дека во периодот што следи СЈО ќе успее да ја врати довербата на граѓаните, бидејќи довербата на граѓаните во институциите е од суштинско значење за унапредување на состојбите во нашето општество – вели Ристоска одговарајќи на прашањео на што се должи падот на довербата најмногу на околностите за бегството на Груевски за кои „удел“ му се припишува и на СЈО, или има и други причини?

Ристоска беше избрана за прв обвинител за врски на Македонија во телото за судска соработка на ЕУ во областа на кривичното право Европравда (Eurojust), а во интервјуто за Дојче Веле таа најмногу зборува токму на оваа тема. Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...