Бојан Маричиќ: Не верувам дека ќе има предвремени избори

460
ФОТО: МИА

Шефот на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ, Бојан Маричиќ вo интервју за МИА вели дека предвремени парламентарни избори не се во интерес, ниту на државата, ниту на граѓаните.

– Прашањето за предвремените избори го отвори опозицијата, не го отвори владата, така што ние никогаш не сме ни планирале да има предвремени избори.Нашиот фокус се реформите и успешна имплементација на Договорот од Преспа, имплементација на економските политики и реформа во сите клучни области што ќе нѐ доведат до почеток на преговори и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Не верувам дека ќе има предвремени избори бидејќи тоа не е во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните. Меѓутоа тоа ќе зависи пред сѐ од динамиката околу претседателските избори и како ќе се постават сите политички актери во однос на бојкотирањето или учеството на претседателските избори – вели Маричиќ.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...