Снежана Караџовска од Скопје, која пред околу две и пол години настрада во тешка сообраќајна несреќа во Турција при судир на туристички автобус од Македонија и турски камион, остана без нозе. Таа апелира граѓаните да ѝ помогнат за да може да направи операција во болницата АОЕФ во Утрехт, Холандија.
Еве го апелот на Снежана:
„Почитувани, пријатели
Моето име е Снежана Караџовска, од Скопје, Македонија.
Колку е животот непредвидлив, за дел од секунда од една здрава, весела, енергична, позитивна жена, се будите во болница во Едрене и дознавате дека немате две нозе.
Пред две години и пет месеци настрадав во сообраќајна несрека во Турција. Автобусот во кој бев патник удри во камион и во тој судар јас ги изгубив двете нозе над колена. Ампутација е сериозен психички но и физички проблем за секого па и за мене и моето семејство. Животот на сите ни се смени од корен. Прво што си помислив кога се разбудив и ја согледав ситуацијата, беше, па добро сега медицината е напредна има современи протези, рехабилитација па ќе можам да функционирам и да се грижам за себе. Но за жал тоа не е така едноставно. По две години и пет месеци јас сѐ уште сум во количка. Живеам на трети кат, без лифт во стан во кој немам пристап до балкон. Секое мое излегување од дома е нова траума. Потребно е двајца кои ќе ме носат по скали, сопругот, ќерката или комшиите. Мојата борба е голема но не и невозможна. Лица како мене во држави од Европа одат со протези. Моето решение го најдов во болницата АОЕФ во Утрехт, Холандија каде што ќе се изврши потребната операција и обука со кликпротези.
Поради сето горе наведено би Ве замолила доколку сте во можност финансиски да ми помогнете да ги соберам потребните средства.Се надевам дека со ваша помош ќе можам понормално да го продолжам животот со протези, да се грижам сама за себе и да се радувам на истиот“, апелира Снежана на Фејсбук.
Донациски број на телеком: 070 143-191
Донациски број на ВИП: 078-143 478
Снезана Караџовска
ул.Огразден бр.4/1-9 1000Скопје
IBAN MK07300307010243080
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
Комерцијална банка АД Скопје Македонија
Денарска жиро сметка-Комерцијална банка АД Скопје 300007016373883
Цел на дознака – лекување во странство.