Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на Владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас рече дека во добиениот текст, „соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно појаснуваат: прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанство и второто што го појаснуваат е дека македонски јазик признат од 1977 година припаѓа на словенската група јазици”.
Грчкиот премиер во неговиот говор му се обрати на лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и го повика на дуел за Договорот од Преспа или во Парламентот или на некоја телевизија.