Каменос до Ципрас: Распишете веднаш референдум за Договорот од Преспа!

561

Овој предлог за доверба е поврзан со тоа дали се согласуваме или не со Договорот од Преспа, затоа сме принудени да не дадеме глас за доверба, рече лидерот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос.

Во неговиот говор од грчкиот Парламент за време на расправата за гласање доверба, Каменос уште еднаш го повтори неговиот став дека не се согласува со сложено име со географска одредица со терминот Македонија и го повика грчкиот премиер уште веднаш, да ја прекине расправата за гласање доверба и да распише референдум за Договорот од Преспа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...