Цртежи од 34 земји, а ниту еден од Битола за „Мал битолски Монмартр“

Раководителот Коста Хаџи Антоновски информираше дека годинава најбројни се апликантите од азиските држави.

332

Млади ликовни уметници од 34 земји во светот испратиле ликовни творби за годинешната меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

На денешната прес-конференција во детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, организатори на колонијата, раководителот Коста Хаџи Антоновски информираше дека годинава најбројни се апликантите од азиските држави.

– Во Битола пристигнаа над 11.000 цртежи од 350 училишта во светот и тоа е импресивен податок. Во ова големо богатство е вложен голем труд и тоа беше проблем за селектирање и жирирање. За жал, мал е бројот на ликовни творби од ученици од Македонија, и ниту еден од Битола. Сакам да нагласам дека благодарение на подружницата на битолска „Пошта“ навреме го добивме целиот материјал вклучувајќи го и последниот пакет со ликовни творби од Бахамите. Но, нам ни е потребна и дополнителна финансиска поддршка од компаниите и институциите – изјави Хаџи Антоновски.

Со одлука на организаторот Гран при наградата за најдобра ликовна колекција ќе ја добијат ученици од Чешка, а наградата за животно дело ќе отпатува во Индија за ликовен педагог од Хадерабад.

Од детското ликовно студио потврдија дека и годинава како гостин во Битола, најбројна ќе биде делегацијата од Хонг Конг, но гости ќе има и од други земји кои освен во Битола ќе творат и во Охрид и во Крушево.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...