Кумановец преку Фејсбук им се заканувал на пратеници

395

Поради споделена објава на мрежа Фејсбук од страна на А.Б. (36) од Куманово, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на РМ, од МВР информираат дека против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

По наредба на Основното јавно обвинителство- Куманово А.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а му биле одземени и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, соопштуваат од МВР.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои се изложени или сведочат на вакви закани, да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...