Сенаторката од Њујорк објави номинација за претседателски кандидат на САД

460
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Сенаторката од сојузната држава Њујорк, Кирстен Џилибранд објави дека има намера да се номинира за кандидат за претседател од демократите на претседателските избори во 2020 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Изјавата таа ја даде синоќа на телевизискиот канал „Си-Би-Ес“ во текот на шоуто на Стивен Колберт.

Нејзината намера дека ќе се номинира за кандидат за претседател предизвика гласно одобрување на присутните во студиото. Џилибранд укажа дека ќе се бори за воведување систем за општа здравствена заштита во САД, развој на високо државно образование и системи на курсеви за квалификација на специјалисти. Додаде и дека ќе се бори протов „корупцијата и алчноста“ на Вашингтон.

Џилибранд беше една од првите жени кои во 2017 година јавно се произнесоа дека биле сексуално малретирани од нивни соработници или надредени. Таа тогаш го обвини својот сопартиец Ел Франкен, сенатор од сојузната држава Минесота, за сексуално малтертирање. Веднаш по неа истото го направија десетици други жени.

Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...