Во Србија синоќа беше извлечена добивка на Лото во износ од 6,05 милиони евра, што е досега најголема премија на игра на среќа во земјата.
Добитникот го уплатил ливчето во Суботица со 10 лото комбинации за сума од 800 динари (6,76 евра).
Последната „седумка“ на истата игра на среќа падна лани во јануари во Белград, кога премијата изнесуваше 300.000 евра. Претходните највисоки добивки на Лото од околу четири милиони беа извлечени во 2010 и 2017 година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...