Лавров: Не сме против новото име на Македонија, во прашање е легитимитетот на процесот

251
Photo: EPA / YURI KOCHETKOV

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Русија не е против новото име на Македонија, туку во прашање е легитимитетот на процесот на промената на името на земјата.

– Ние не сме против името. Се прашуваме колку е овој процес легитимен и колку е навистина условен oд целта да се постигне консензус помеѓу Грција и Скопје или е предизвикан од интересот на САД сите балкански земји што поскоро да ги придобие во НАТО и да сопре било какви влијание на Русија во овој регион – рече Лавров на годишната конференција за новинари, пренесе „Спутник“.

Фото: EPA/YURI KOCHETKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...