Пејачката Ријана го тужела сопствениот татко Роналд Фенти поради измама, пренесуваат американските медиуми.
Пејачката во тужбата наведува дека Роналд и неговиот неиуменуван деловен партнер ја основале компанијата „Фенти ентертејмент“.
„Таа компанија упорно и намерно претставува како да има врски со Ријана. На тој начин, од трети лица се „извлечени“ милиони долари, бидејќи тие двајца лажно ветувале дека се одговорни за кариерата на Ријана и дека ги закажуваат нејзините настапи ширум светот“, се наведува тужбата.
Ријана понатаму се обидува да го запре татко ѝ во користењето на марката „Фенти“, бидејќи таа така ја нарекла својата модна и козметичка колекција, и ја заштитила таа марка.
„Со оваа тужба клиентката сака да го спречи понатамошното нарушување на своето име, лик, репутација и приватност“, наведува нејзиниот адвокатски тим.
Роналд кратко изјавил дека „никој не може да го спречи во работата да го користи сопственото презиме“.
Родителите на Ријана одамна се развеле, а таа повеќепати зборувала дека нејзиното детство и растење биле тешки, бидејќи татко ѝ бил алкохоличар и зависник од дроги. Често ја тепал нејзината мајка, а малтретирањето не го избегнале ниту Ријана ниту нејзиниот помлад брат. Кога наполнила 14 години, нејзините родители се развеле, а мајка ѝ работела по цели денови за да ги прехрани, а Ријана морала нагло да „порасне“. Ги работела сите домашни работи, но била и заменска мајка на својот брат. Благодарение на тие тешки денови, денес е многу поврзана со својата мајка која неуморно се борела за своите деца.
ФОТО: Инстаграм