Мицевски до институциите: Бојкотирајте ја двојазичноста, ние правно ќе ви помогнеме

344

Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството, рече Никола Мицевски шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Законот за двојазичност е донесен без поширок политички и општествен дијалог. Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари – изјави Мицевски.

Тој повтори дека партијата ги повикува сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на овој, како што вели, неуставен и штетен закон. Мицевски порача дека доколку одговорните во институциите се соочат со какви било проблеми или закани, ВМРО – ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...