Вице Заев бара 500 евра од Александар Николовски, бил вознемирен од изјава

692

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице, бара 30.000 денари (околу 500 евра) оштета од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за навреда и клевета.

Вице Заев го тужи Николовски поради дадена изјава на една телевизија дека членови на семејството и братот на премиерот стануваат главен бизнис фактор во државата поради добиени тендери и бизниси.

Првото рочиште за клевета и навреда се одржа денеска во Основниот суд Скопје 2, Николовски се појави и се застапуваше сам, додека Вице Заев не дојде, а го застапуваше адвокат.

Со изјавата наводно Николовски предизвикал вознемиреност и душевна болка кај Вице Заев.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, во изјава за медиумите порача дека ако на Заев му е до 30.000 денари, со здравје да си ги троши.

Следното рочиште ќе се одржи на 26 февруари, а тогаш ќе треба да се сослуша Вице Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...