Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од денеска е во тридневна посета на Турција.
Предвидено е да се сретне со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, да има средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција.
Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на мислења за повеќе актуелни регионални прашања.
Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.
…
[Message clipped] View entire message