Екстремен спортист од Молдавија, Дмитриј Волошин на минус 67 степени Целзиусови истрчал 50 километри во Јакутија. Досега никој во слични услови не поминал толкав пат, пренесува „rbth.com“.
– Тоа беше најтешкиот испит во мојата кариера – изјавил Волошин.
Тој сметал на обична маратонска должина од 42 километри, но во такви услови и без придружба на лекар, успеал да истрча уште осум километри.
Овој спортист собирал средства за помош на деца со церебрална парализа.
ФОТО: rs.rbth.com