Грчкиот Парламент ќе гласа за доверба на Владата на Ципрас

157
Photo: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во грчкиот Парламент утрово продолжува расправата за гласање доверба на Владата, додека пак вечерва околу полноќ пратениците ќе треба да одлучат дали ќе го поддржат или не Кабинетот на Алекисис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчерашната расправа во парламентот траеше 12 часа и заврши , како што и беше предвидено, на полноќ. Прв на пратениците им се обрати грчкиот премиер кој образложи зошто бара и треба да добие доверба, а веднаш потоа збор зедоа и лидерите на политичките партии.

Првиот ден од расправата за гласање доверба, беше полн со жестоки реакции дискусии и дофрлувања меѓу пратениците, но и лидерите на партиите.

Во текот на денешниот ден се очекува збор да земат пратеници, а непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, Владата ќе ги добие потребните 151 глас за доверба и поддршка.

Освен 145-те пратеници на владејачката СИРИЗА на Ципрас, се очекува, позитивно да гласаат и независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци и поранешниот пратеник од Река, Спирос Данелис.

Photo: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...