Шериф Ибиши е човекот кој имаше леблебиџилница во скопската населба Тафталиџе 1, во која се навлековме на превкусните крупни турски кикирики, па бевме пресреќни кога пред извесно време откривме каде се преселил – во Порта Буњаковец.
Шериф Ибиши е веројатно последната генерација леблебиџии во неговото семејство во кое откупот, чистењето, печењето на леблебии, кикирики, сончоглед, лешници, бадеми, биле семејна традиција со генерации. Имено, неговиот син, но и останатите помлади членови од семејството, иако помагаат, не се многу заинтересирани за занаетот, туку повеќе за трговија. А правењето леблебии не е само печење, туку е вистински мајсторски занает.
Целиот текст можете да го прочитате на порталот „Арт кујна“.