Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во вечерашното гостување на телевизија Телма во „Топ тема“, рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира изборите за претседател, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април.
– Сеедно дали претседателските избори ќе се одржат паралелно со предвремени парламентарни избори, или ако само има избор за претседател, ВМРО-ДПМНЕ во никој случај нема да ги бојкотира – рече Јанушев, објаснувајќи дека претходните шпекулации за партискиот став да се бојкотира изборот за претседател биле извадени од контекст.
Сепак, тој на СДСМ и на ДУИ им ја упати пораката „Ајде и на предвремени парламентарни избори“, како што рече, затоа што е длабоко убеден дека победник на нив ќе биде сега најголемата опозициска партија.
Според Фросина Ременски од СДСМ, овој повик на ВМРО-ДПМНЕ е само хазардски потег.