Макфакс: Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, лажици, калап за мафини

777

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци, посети на странски делегации и работни состаноци.

До ноември минатата година Општина Арачиново потрошила околу 7 илјади евра во ресторани и кафеани, но повеќето од трошоците немаат допирна точка со репрезентација.

Од парите за репрезентација се издвојувало и за средства за чистење стакло, ламинат, „доместос“, влажни марамчиња, солна киселина, бришачи за стакло, пишува Макфакс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...