Законот за борба против корупцијата ќе оди во скратена постапка

На владината седница била разгледана Информацијата за основање на туристичка развојна зона – Матка во Општина Сарај, со препорака Град Скопје во рок од 30 дена да обезбеди постоечка документација за изградба на Спортско рекреативен центар Езеро Треска во Општина Сарај, а Министерството за економија во рок од 4 месеци до Влада да достави Информација за текот на активностите за основање на туристичка развојна зона – Езеро Треска во Општина Сарај.

116

Владата на денешната редовна седница донесе одлука на Собранието да му предложи Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта е законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

На седницата е утврден е и новиот текст на Предлог – законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

На предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата денеска го разгледа и донесе новиот текст на Програмата за развој на спорт и млади за 2019 година, како и Предлог – програмата за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2019 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија.

Владата денеска ги донесе и Програмите за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година, и за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2019 година.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...